Почина Радован Радаковиќ, поранешен голман на Партизан

На 52-годишна возраст, по тешко боледување, почина поранешниот голман на Партизан, Радован Радаковиќ.

На Радаковиќ пред две години му беше дијагностициран рак на желудникот, по што стави крај на тренерската кариера.

Операција во Турција му го продолжи животот, но болеста повторно му се вратија. Ослабел 50 килограми, преживеал сепса, а трошоците за лекување го ставиле во тешка финансиска ситуација.



 

Неговите поранешни соиграчи и ривали на теренот собираа пари за да му помогнат.

Радован пред една година во интервју откри низ каков пекол минувал кога дознал дека е тешко болен.

„Прашав уште колку имам да живеам. Кога ми кажаа три до пет месеци, се исплашив, имав страв, но како што минува времето и како што се борам, сето тоа е сè помалку и помалку“, изјавил Радаковиќ.

Scroll to Top