Почина Слободан Миќиќ, авторот на емисијата „Светот на дланка“

Најпознатиот српски патник, Слободан Миќиќ, почина на 76 години по долго боледување. Јавноста во регионот го знае како сопственик на првата приватна туристичка агенција „Кон тики“ и како автор на една од најинтересните емисии за патување, „Светот на дланка“.

Овој светски патник, преку емисијата ги водеше гледачите на најоддалечените места на планетата, од Уганда до Галапагос, од Фиџи до Исланд. Тој беше и почесен конзул на Исланд. Во „Светот на дланка“ секогаш ја откриваше најзабавната, но и најлошата страна на секоја дестинација, пробуваше „чудна храна“, раскажуваше за локалните обичаи на местата што ги посетуваше.

„Слободан Миќиќ знаеше како да патува и да ужива на патувањата. Ги забавуваше туристите, а тие му завидуваа на професијата“, пишуваат српските медиуми.

 

 

Scroll to Top