Почина сопругот на југословенската евровизиска пејачка Тајчи

By

Татјана Камерон, која целиот регион ја знае како Тајчи, синоќа објави дека нејзиниот сопруг Метју Камерон починал.

Долго време Метју се бореше со рак на белите дробови, а пејачката многупати и јавно побара помош.

Тајчи посака да се прости од својот сопруг и на „Фејсбук“, каде објави емотивна порака, а фановите изразија сочувство.

-Метју Шејн Камерон – веќе нема болка за него. Повеќе не е врзан за човечките ограничувања. Сега е навистина слободен… Ќе црпиме сила и радост од сѐ што ни дал – напишала Тајчи.

 

Ќе ви се допадне