Српската актерка Ирена Мичијевиќ (45), која се прослави со серијата „Жените од Дедиње“, почина денеска во Белград. Таа се борела со тешка болест, но семејството не открива повеќе детали.
Мичијевиќ живееше и работеше во Лондон, со сопругот и ќерката, а последните денови од животот ги поминала во Србија.
На македонската публика ѝ беше позната по улогата на Клара во серијата „Жените од Дедиње“.
Покрај улоги во српски филмови и серии, Мичијевиќ глумела и во англиски филмови.