Почина српскиот актер Радован Миљаниќ

By

Почина српскиот актер Радован Миљаниќ на 69-годишна возраст по долго и тешко боледување, пренесуваат српските медиуми.

Филмскиот, театарскиот и телевизискиот актер беше долгогодишен член на ансамблот на Народниот театар во Белград, од каде и ја потврдија веста за неговата смрт. Најпознат е по улогата на професор во ТВ-серијата „Курсаџии“.

Во текот на својата долгогидишна кариера одигра многубројни улоги на сцената на домашното кино, меѓу кои се издвојуваат оние во претставите „Голема драма“, „Тесла или адаптација на ангелите“.

Покрај театарот, има остварено голем број улоги на телевизија и на големото платно. Првата улога ја одигра во 1972 година во ТВ филмот „Синови“. Играше во познати серии, како што се „Сивиот дом“ и „Подобар живот“, „Семејно богатство“ и „Љубов, навика, паника“. Но и во филмовите „Чавка“, „Директен пренос“, „Гуча“, „Нечиста крв – гревот на предците“ и „Дара од Јасеновац“.

Миљаниќ е роден на 24 февруари 1952 година во Панчево во 1952, а дипломираше глума во 1979 година на Факултетот за драмски уметности во Белград, во класата на професорот Предраг Бајчетиќ, со монодрамата „Приказната за принцот Мишкин“, работена според „Идиот“ на Ф.М. Достоевски. ЈДП и СКЦ.

 

Ќе ви се допадне