Актерот Феџа Стојановиќ по долго боледување почина вчера во Белград на 74-годишна возраст. Веста ја објавија од Театарот „Атаље 212“.
Стојановиќ има дипломирано на Факултетот за драмски умеотности во 1973 година. Оттогаш станал член на „Атаље 212“. Работел и како професор на катедрата за глума на Академијата уметност на БК Универзитетот.
Покрај театарските претстави има глумено и во филмовите „Таму и тука“, „Љубов и други злочини“, „Лепа села лепо горе“, „Чарлстон за Огњенка“, „Сироти мали хрчки“, „Мала ноќна музика“ и други.
Стојановиќ има глумено во многу познати серии како „Село гори, баба се чешла“, „Бела Лаѓа“, „Подобар живот“, „Среќни луѓе“, „Семејно богатство“, „Кошаркари“, „Мојот роднина од село“ и други.
Добитник е на повеќе престижни награди, меѓу кои наградата „Страхиња Петровиќ“ и „Танхофер“, како и бројни други актерски признанија. Времето и местото на погребот и комеморацијата ќе бидат дополнително објавени.