„Почина тажен, несреќен и депресивен“ – девет години од смртта на Дино Дворник

Пред точно девет години на денешен ден почина Дино Дворник, кралот на фанк-музиката на Хрватска, но и на сите балкански простори. Смртта на 44-годишниот пејач го шокира регионот.

Дино секогаш го следеше репутација на исклучително талентиран музичар, но со многу лабилен и слаб карактер. Секогаш бараше внимание, беше склон кон депресија, а неговата зависност од дрогата не беше тајна. Пејачот не почина од предозираност, како што се шпекулира, туку од комбинација на лекови препишани од неговиот доктор. Починал во сон, во семејниот дом.

 

 

И девет години по неговата смрт, се паметат зборовите на мајка му:

„Почина тажен, несреќен и депресивен. Не можеше да ја преболи смртта на татка си“.

Музиката на Дино Дворник го одбележа крајот на осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век. Љубителите на музиката секогаш ќе се сеќаваат на „Африка“, „Јаче манијаче“, „Теби припадам“ и на култната „Ти си ми у мислима.“

 

Scroll to Top