Легендарниот глумец Љубиша Самарџиќ починал синоќа во 81 година од животот пишува српски Курир. Познат по многу улоги, а најпознат по прекарот Шурда, легендарниот глумец остави зад себе значајни филмски остварувања.
Роден е во Скопје во 1936 година во семејство на рудар. Минатата година во декември имал операција на мозокот кога состојбата му била навистина критична, но лекарите биле оптимисти.
Примен во болница бил и во март годинава. Неколку години веќе се борел со ракот, а денеска неговото срце престанало да чука.
Големиот и секогаш насмеан глумец преживеал и голема трагедија кога од леукемија во 34 година од животот починал неговиот син…
Лесна му земја…Сега сигурно таму горе ќе снимаат нови филмови со Бата Живоиновиќ и Драган Николиќ…