Почина вдовицата на Бата Живојиновиќ

По кратка и тешка болест вчера почина Лула Живојиновиќ, вдовицата на српскиот глумец Велимир Бата Живојиновиќ. Таа почина во Белград, а трагичната вест ја соопшти нејзиното семејство.

„По кратка и тешка болест почина нашата драга мајка, сестра и баба Лула. Нејзината ведра душа, сила и оптимизам не правеше сите нас подобри луѓе. Сега е таму горе со Бата и не чуваат“, пишува на Инстаграм профилот на глумецот.

Бата Живојиновиќ почина на 22 мај 2016 година, во болницата „Свети Сава“ во Белград.

Scroll to Top