Почнува големата светска турнеја на Лепа Брена

By
Турнејата на Лепа Брена ќе биде следена од ТВ-платформата „Нет ТВ-плус“, која е покровител на големата светска турнеја „Зар је важно дал се пева или пјева“?, која пејачката ќе ја почне со концертот на 11 ноември и ќе тргне во поход на целиот свет.„Нет ТВ-плус“ го најавува големиот концерт на 11 ноември во „Лугнер сити“ во Виена, кој ќе биде почеток на големата турнеја на најголемата ѕвезда на Балканот.

„Сакам да ѝ се заблагодарам на ‘Нет ТВ-плус’ што ќе бидеме заедно на турнејата и што овозможи голем број верни слушатели и почитувачи во Австрија да пронајдат билет во нивните продавници.

Големите нешта ги прават најголеми работи! Ова воедно е и прослава на 35 години од мојата кариера, која сакам да ја споделам со сите свои фанови. Сигурна сум дека добро ќе се забавуваме и дека ќе биде концерт за паметење“, вели Лепа Брена.

 

Ќе ви се допадне