Полиција барала дрога и оружје во станот на Гастоз

Полицијата пред неколку дена влегла во станот на Ненад Маринковиќ Гастоз поради сомнение дека крие дрога и оружје.

Најдобриот пријател на Гастоз, Владимир Радаќ, со кого живее, вели дека полицијата се задржала еден час и дека се уплашил затоа што не знаел за што станува збор.

„Неколку униформирани лица ми заѕвонија во петокот, во шест часот утрото. Најпрво помислив дека морам да го сменам своето возило затоа што во последните неколку дена имаше поплави. Но, штом отворив, тие ми го покажаа налогот за претрес. Бев сам затоа што Гастоз е во реално шоуто. Бидејќи си ги знам своите права, веднаш повикав сведок затоа што се уплашив од местенки. Бев шокиран кога слушнав дека бараат дрога и оружје. Ненад и јас немаме никаква врска со тоа“, изјавил Радаќ.

 

Scroll to Top