Полиција го прекина настапот на Теа Таировиќ, пејачката приведена во Шведска

Пејачката Теа Таировиќ била приведена во полиција за време на нејзин настап во Шведска, пренесува српски Телеграф.

Истиот медиум објави и фотографии од пејачката како ја приведува полицијата, облечена во истиот фустан што го носи и на нејзиниот настап.

Менаџерот на познатата пејачка за Телеграф објаснил што се случило.

„Полицијата синоќа имаше на редовен увид. Бараа договори, не само од неа туку и од Стоја и Девито. Таа го покажала договорот и полицијата и се заблагодарила, немале причина да ја приведат. Вечерва ќе настапува на приватна прослава во Софија, Бугарија“,изјавил менаџерот на пејачката, Бриџис.

Пејачката пред неколку месеци беше приведена на аеродромот во Германија. Тогаш, како што пишува медиумите, била уапсена на аеродром од финансиската инспекција.

Scroll to Top