Полицијата го испрашувала Дарко Лазиќ

Откако добиле информација дека Дарко Лазиќ се разбудил од вештачка кома, припадници на полицијата пристигнале во болницата во Белград за да земат изјава за сообраќајната несреќа што се случила на 23 октомври.

Сообраќајниот полицаец бил во собата за интензивна нега со Лазиќ и останал само две минути. Лекарите не дозволиле пејачот премногу да биде вознемируван поради неговата здравствена состојба.

Потоа службениците разговарале и со таткото на Лазиќ, Милан.

„Сообраќајниот полицаец беше по службена должност. Но и самиот знаел дека Дарко сè уште е животно загрозен без оглед што е разбуден од вештачка кома. Дарко трпи силни болки поради што е ставен на силни аналгетици, но сообраќајниот полицаец само си ја вршел работата. Единствено прашање што му го поставил е дали се сеќава на несреќата. Одговорот не ги задоволил ниту припадниците на внатрешните работи, но ниту лекарите кои присуствуваа на ова сослушување“, изјавил изворот од болницата.

 

Лазиќ не се сеќава на деталите, но е свесен дека е во болница поради незгодата што ја преживеал. Не е познато дали на несреќата се сеќава од лично искуство, или за неа слушнал од лекарите и членовите на семејството. Тоа ќе мора да  објасни кога ќе излезе од животна опасност бидејќи овој пат посетата на полицаецот била ограничена на само две минути, навел изворот.

Кога Дарко ќе закрепне, веројатно ќе го чека голема парична казна поради предизвикување општа безбедност во сообраќајот, возење во алкохолизирана состојба без појас и дозвола.

„Доколку дојде до сообраќајна незгода во која е повреден само возачот кој управувал со возилото, тогаш во прашање е прекршок за кој може да биде донесена затворска казна, односно парична. Доколку лицето кое доживеало судар управувало со туѓо возило и приредило голема материјална штета на туѓото возило, тогаш тука има елементи на кривично дело“, изјавил директорот на Комитетот за безбедност во сообраќајот, Дамир Окановиќ.

Во конкретниот случај со Лазиќ, пејачот немал возачка дозвола веќе пет години и истата не може да му биде одземена.

„На лицето кое нема дозвола не може да му биде изречена мерка забрана со управување на моторно возило. Можете да го казните парично и да му изречете затворска казна“, навел Окановиќ.

 

Scroll to Top