Попрво би сакал ќерка ми да ја видам со џоинт в рака отколку со шише вотка

Сопругот на српската пејачка Ана Николиќ, раперот Стефан Џуриќ Раста, откако се појави на јавната сцена го привлекува медиумското внимание поради својата појава, но и поради постапките како во јавноста така и во својот приватен живот.

Раперот неодамна го промовираше својот нов албум „Индиго“, а за медиумите откри повеќе за својот приватен живот, својот пророк марихуаната и како Ана Николиќ гледа на сето тоа. Исто така откри што би ѝ кажал во иднина на својата ќерка ако ја види како пуши марихуана.

                   

  • Не се изјаснуваш премногу често за социјалните проблеми. Скоро објави слика на Инстаграм покрај која напиша марихуана > алкохол.

„Не се изјаснувам за ништо освен за марихуаната. Не се изјаснувам за каква било политичка ситуација. Се обидувам да ги образувам луѓето за марихуаната, да им дадам до знаење што значи тоа. Колку овие работи се опасни и колку просто мораат да имаат предвид дека тоа всушност претставува лек, а потоа има опуштачко дејство.

    • Во повеќе наврати зборуваше за марихуаната, но сега се отвори нова димензија, луѓето се прашуваат како сега, кога стана родител, сето тоа ќе го ѝ објасниш на својата ќерка.

„Знаеш, би било лицемерно да му објаснувам на целиот свет, а на неа не можам да ѝ објаснам што значи тоа. Тоа навистина би било неверојатно. Јас знам дека тоа е добро, во која мера е тоа добро и за што е добро. На нејзини 18 години повеќе би сакал да ја видам со џоинт в рака  отколку со шише вотка на некоја слика“.

  • Како реагира Ана кога ќе кажеш дека повеќе би сакал да ја видиш со џоинт в рака отколку со шише вотка. Дали и таа те поддржува во тоа?

„Во секој случај, во секоја мера, да! Се разбира дека ме поддржува. Не ме поддржува сега… Сепак, детето нема доволно години за тие работи, ниту, пак, водиме расправа на таа тема. Не сме имале сè уште можност да зборуваме“.

Scroll to Top