Популарен е и во Кина, од 12 години пишува текстови и Констракта му е идол: Лук Блек, српскиот претставник за Евровизија

Лук Блек е претставникот на Србија за Евровизија. Тој со песната „Сами ми се спава“ ќе ја претставува Србија во мај во Ливерпул. Пејачот се претстави со електро-поп песна која постои во српска и англиска верзија, а самата песна, како што вели Лука, е создадена за време на пандемијата на коронавирус.

Лук ја напишаl песната за лик од видео играта Симс, а песната зборува за колективно будење и како општеството треба да ги отвориме очите пред злото.

Младиот уметник го привлече медиумското внимание во Србија, но и во регионот со својот ексцентричен изглед.

Лук Блек е неговото уметничко име, инаку се вика Лука Ивановиќ, роден е во Чачак во 1992 година. Тој се занимава со авторска музика од 2005 година, на 12 години почнал да пишува текстови, а четири години подоцна да компонира музика и да пишува аранжмани. Во тој период снимил шест албуми кои само неговите најблиски пријатели имале можност да ги слушнат. Две години подоцна се преселил во Белград да студира англиски јазик и литература. Лук е првиот соло изведувач од Србија со ексклузивен договор за Universal Music Group и досега има издадено 4 EP-а, а интересно е што пејачот е многу популарен и во Кина.

Покрај сопствената музика, тој произведува и аудио и режира свои изведби и музички спотови. Барајќи го својот уметнички израз, тој експериментира и испробува нови и неочекувани форми и стилови.

Инаку, овој млад уметник веќе шест години живее и работи во Лондон, каде што создаде песна со која ќе се обиде да победи на голем музички натпревар и да го донесе Евросонг во Србија.

Тој за прв пат се претставил пред јавноста во мај 2014 година, како дел од фестивалот Гроуленд, кога премиерно го изведе синглот D-Generation. Во потрага по својот уметнички израз, тој експериментира и испробува нови и неочекувани форми и стилови, а со години соработувал со Констракта и Земља грува.

Scroll to Top