Поради коронавирусот Ѓоковиќ ќе влезе во историјата на тенисот

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ поради коронавирусот би можел да влезе во историјата на тенисот , по само два месеци игра.  Поради опасноста од ширење на коронавирусот, првите луѓе во тенисот ги откажаа сите турнири и веројатно ќе прогласат крај на сезоната. Таквата ситуација би го направила Ѓоковиќ единствениот тенисер на кој му успеало непоразен да ја заврши сезоната.

Факт е дека оваа година траеше неспоредливо пократок период во однос на претходните. Беа одиграни само натпревари во дваиопл месеци. Но, тоа не ги менува работите. Ѓоковиќ за тој период има скор од 18-0 (вкупно 21 победа во низа). Интересен е неговиот одоговор кој му беше поставен на турнирот во Дубаи од страна на новинарите.

„Сакам да останам непоразен цела сезона“, изјавил Ѓоковиќ.

Пораката која на почетокот предизвика смеа кај сите, сега изгледа како мошне реална. Пандемијата со коронавирусот веројатно најмногу го погоди тенисот, затоа што турнирите се менуваат од недела во недела. За жал постојат реални шанси оваа сезона веќе да биде завршена, затоа што е речиси невозможно да се надокнадат откажаните турнири.

Директорот на „Австралија Опен“, Крег Тајли изјави дека тенисот е последниот спорт кој може да се врати во нормала.

„Сметам дека нема да се игра тенис во 2020 година. Тенисерите мораат да патуваат по целиот свет, што е тешко изводливо во ваква ситуација. Сепак, треба да се подготвиме за најлошото, а се надеваме на најдоброто. Бројни турнири се откажани, а знаеме дека тенисот нема да го гледаме до 7. јуни, дека Ролан Гарос ќе се случи седум дена по „УС Опен“. Откажан е и Вимблдон. Ситуацијата не е охрабрувачка. АТП и ВТА целосно ќе се променат во наредните месеци. Логично, неколку турнири се веќе откажани, но ќе има уште оваа година“, изјавил Тајли.

 

 

 

Scroll to Top