Поради кризата предизвикана од короната, Сека Алексиќ го продаде ресторанот

Поради кризата предизвикана од коронавирусот, пејачката Сека Алексиќ вели дека била принудена да го продаде својот ресторан во Нова Пазова.

Таа и сопругот Вељко вели дека решиле да го продадат ресторанот за да не влезат во нови долгови и непотребни трошоци.

„Вистина е, го продадовме ресторанот. Не постоеше некоја важна причина“, кусо изјавил Вељко за српските медиуми.

По продажбата, двајцата сега велат дека уживаат во дворот во семејниот дом. Тие деновиве со синовите Јаков и Јован печат пиперки, а Сека објави и фотографии од семејната дружба.

 

Scroll to Top