Поради сообраќајка откажан концертот на бендот „Тропико“, загинаа двајца членови од продукцијата

Концертот на познатиот српски бенд „Тропико“ е одложен поради тешка сообраќајна несреќа. Сообраќајката се случила вчера околу 13 часот на патот Пожега, Ужице откако со комбе удриле во камион. Во неа загинаа двајца членови од продукцијата и повредено е уште едно. .

„Вечерашниот настап во Чајетина беше одложен поради сообраќајна несреќа што им се случи на членовите на продукцијата која беше одговорна за реализација на настанот. Наше искрено сочувство до семејствата на загинатите“, рече пејачот Сале Тропико.

Scroll to Top