Поранешната на Давор Шукер го изгуби синот

By

Шпанската глумица и водителка Ана Обрегон, која е позната во јавноста како поранешната девојка на фудбалската хрватска легенда Давор Шукер, го изгуби синот.

Алекс Лекујо по подолг период ја изгуби битката со ракот. Тој неодамна беше примен во болница во Барселона, а претходно се леугал и во САД. Тој често се јавувал на социјалните мрежи на кои објавувал охрабрувачки пораки, за сите луѓе кои се наоѓале во тешки ситуации.

„Сè е работа на став и тоа ќе го разбере секој кој ќе се најде во мојата ситуација. Луѓето различно реагираат кога ќе бидат притиснати од проблеми. Имам поддршка од семејството и пријателите, а мојата мајка е неверојатна жена“, изјавил Алекс.

Колку Ана е поврзана со синот, покажа и на крајот на минатата година, кога објави нивна заедничка фотографија од 1992 година, кога Алекс бил бебе. „27 години подоцна, ти си единствената работа која ме прави горда“, напиша Ана на фотографијата.

За потсетување, Ана и Давор Шукер излегуваа заедно три години, додека Хрватот играше фудбал во клубот на Реал Мадрид. Шукер тогаш ја запроси Ана, но таа го одби.

„Сирот Давор, го стави прстенот во чаша вино. Не можев тоа да го претпоставам. Вечеравме во ресторан, пиев вино и на крајот, за малку ќе се загушев“, призна Ана во едно од своите последни интервјуа.

 

Ќе ви се допадне