Поранешната на Јоксимовиќ не успеала да се пробие на естрадата

Поранешната девојка на српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ, Цеца Славковиќ, иако во минатото била позната по своите вокални квалитети и ангелски глас, сепак продолжила да се занимава со музика надвор од сцената.

Во јавноста малкумина знаат за нејзината врска со Жељко, затоа што пејачот важел за човек кој не сакал својот приватен живот премногу да го покажува на јавна сцена.

За Цеца многумина зборувале дека е голема дама и пејачка. Таа продолжила да се занимава со музика исто како и Жељко, но зад сцената и рефлекторите. Продолжила да пее како пратечки вокал за своите колеги.

Исто така Цеца е позната ѝ како текстописец, а во последните години се има посветено на настапи по клубови и приватни забави. Судејќи според нејзините најнови фотографии на социјалните мрежи, Цеца физички се нема премногу променето од времето кога ја има доживеано најглемата слава.

Жељко Јоксимовиќ пред да ја запознае својата сопруга Јована, се имал забавувано и одено со многу познати дами, но за тоа ретко кога говорел во јавноста. Порано пејачот бил во романса со Леонира и Адриана Чортан.

 

 

Scroll to Top