Поранешната жена на Аца Лукас итно оперирана

Екссопругата на Аца Лукас, Соња Вуксановиќ, во средата била примена во болницата „Народен фронт“, каде што веднаш била оперирана. По хируршкиот зафат, таа се чувствува добро.

„Соња исклучително води сметка за своето здравје. Секогаш доаѓала на редовни гинеколошки прегледи кај својот доктор. Секој преглед завршувал со добри резултати, а потоа неодамна ситуацијата се променила. Таа последните денови почувствувала промени, а во средата во раните утрински часови се чувствувала лошо. Не сакала да ризикува, па веднаш се обратила кај својот лекар, кој ја упатил во „Народен фронт“, наведува извор близок до Соња.

„По гинеколошката контрола и направениот ултразвучен преглед, е соопштено дека Соња има проблем кој мора веднаш да се реши со интервенција. Следувал шок. Хируршкиот зафат, кој траел повеќе од еден час, успешно е извршен не оставајќи никакви последици. Соња, која храбро го поднесе сето ова, деновиве ќе биде пуштена на домашно лекување“, дополни изворот.

Инаку, Вуксановиќ неодамна била на деловен пат и веќе таму ги почувствувала здравствените тегоби поради кои се вратила во Белград и веднаш се обратила на лекар.

 

 

Scroll to Top