Поранешниот словенечки претседател собра 60.000 евра од продажбата на олдтајмерот „рено 4“ за деца болни од рак

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, собра 60.000 евра од продажбата на неговиот олдтајмер „Рено 4“ од 1991 година. Парите ќе бидат донирани за добротворни цели за децата болни од рак.

Автомобилот го купи словенечкиот бизнисмен Александар Фратер кој дал најголема понуда на аукција.

„Нашата намера беше да им помогнеме на овиде деца-борци“, изјавил Фратер.

Пахор минатата година го заврши својот втор петгодишен мандат и беше наследен од Наташа Пирц Мусар, првата жена претседател на земјата.

„Знаев дека ова нема да биде аукција за луѓе кои сакаат добри автомобили, туку за луѓе кои имаат големи срца“, изјави Пахор.

Scroll to Top