Поранешните девојки на Биковиќ се здружија против него, тој им одговори дека со причина се бивши

Поранешните девојки на српскиот актерот Милош Биковиќ одлучија да проговорат за тоа каков бил нивниот однос со него, изнесувајќи скандалозни обвинувања спрема актерот.

Најпрво на Истаграм се огласи руската танчерка Арина Волошина, која раскажа каква била нејзината врска со актерот. Таа го обвини актерот дека се однесувал многу грубо кон неа и дека една година дена го „диктирал нејзиниот живот“. Таа рече дека морала да внимава на нејзиниот имиџ и изглед. Но и дека го слушала сè што ќе ѝ кажел. Таа откри дека добивала разни навреди на интернет, но и смртни закани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ᎯℜíℕᎯ💋 (@arinavoloshina)

Веднаш по неа, се огласи уште една поранешна девојка на Биковиќ,  српската манекенка Барбара Таталовиќ, која ја поддржа Волошина и застана на нејзина страна. Таа преку Инстаграм стори напиша дека препознава сè што е напишано. Таа истакна дека не сака подлабоко во приказната, за да не ги вовлекува и нејзините најблиски во неа.

Актерот по изјавите на неговите поранешни девојки, се огласи на својот Инстаграм профил и напиша:

„Секогаш ќе ги почитувам девојките со кои сум бил во одреден период од мојот живот и не сакам јавно да зборувам за мојата интимност. Пред сè, сакам да го задржам достоинството и почитта, дури и кога се кажуваат невистини за мене. Секој има право да го користи јавниот простор како што смета дека е најдобро – некој ја дели својата интимност, друг своите професионални достигнувања. Тоа е прашање на личен избор, но и личен вкус. Исто како што постои причина зошто приватниот живот се нарекува „приватен живот“, постои и причина зошто поранешните љубови и врски се токму тоа“, напиша Биковиќ. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

 

Scroll to Top