Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ за 10 концерти во јули и август, ќе земе 300 000 евра, оти како пренесуваат српските медиуми, 30 илјади евра е хонорарот за нејзин настап.
После година ипол пауза, Цеца постјано е на настапи. Претходните денови таа веќе пееше во Љубовија, кога настапи пред неколку илјади луѓе на отворено, по најголем дожд, а неколку дена подоцна пееше и во дискотека во Будва.
До крајот на месецот ќе има уште една тезга, во Врњачка Бања на стадионот, а во август ќе има уште седум концерти. Таа, освен двата концерта во Македонија, ќе ги посети Југово, Швр Sиг, Сокобања, Лесковац и повторно ќе ја посети Црна Гора.