Последната мис на Југославија денес продава цвеќе

Славица Трипуновиќ од Борово Село е последната официјална мис на СФРЈ. Таа ја освои титулата во 1991 година, а потоа ја претставуваше Југославија на светскиот избор. Набргу потоа земјата се распадна, а Славица сними неколку албуми и настапуваше под уметничкото име Дајана.

Во 2009 година се повлече од јавноста.

„Од 18. година сум во медиумите, патував, си ги исполнував желбите, немам за што да жалам. Синот Алекса го добив по триесеттата година и тогаш решив да се смирам. Отворив козметички салон. Ме прашуваат зошто веќе не пеам, ама јас сум и понатаму активна. Не пеам на свадби, но настапувам во дискотеки и во странство. Работам многу, ама моите активности не се медиумски експонирани. Не знам дали луѓето знаат дека се занимавав со угостителство. Одгледувам рози и веќе 15 години имам стакленици“, рекла неодамна Славица, која по професија е медицинска сестра.

 

Scroll to Top