Последната мис на Југославија среќно омажена со три деца во Берлин

Последната мис на СР Југославија, Ана Сергиќ, со својот сопруг и трите деца живее среќно во Берлин. Таа е последната мис на СР Југославија, затоа што по распадот на СФРЈ во деведесетите години, Србија и Црна Гора влегоа во заеднивца под името СР Југославија. Оваа држава во 2003 година е преименувана во Србија и Црна Гора, но земјите подоцна се одвоија. Ана во 2002 година  на Изборот на „Мис на светот“ влезе и  во топ-20 најубави жени.

„На 19 години станав последната мис на СР Југославија. Во 2002 година ја претставував земјата на избор за мис на светот. На изборот имаше над 110 убавици од целиот свет, а јас се пробив во топ-20. На крајот успеав да се изборам за 11. место. По успешниот пласман на светскиот избор, ми се отворија вратите во светот на модата. Тогаш почнав активно да патувам и му се посветив на моделството. Се разбира, паралелно студирав“, изјавила Ана за медиумите.

Од 2010 година таа е омажена за познат бизнисмен. Двајцата на почетокот на врската живееја во Обединетите Арапски Емирати. Во меѓувреме ги добија близначките Хана и Сара и синот Алекс.

Ана вели дека голема опсесија ѝ се патувањата во светот. Таа е голема љубителка и на екстремните спортови.

На почетокот на месецот Ана објави дека се преселила во Берлин.

Scroll to Top