Посмртните останки на Џеј се преместени во друг гроб

Посмртните останки на пејачот Џеј Рамадановски се преместени од гробницата каде беше погребан во друго гробно место со согласност на семејството. Гробницата во која беше закопан Џеј мора да се реновира, па сега неговото тело ќе биде преместено зад гробот на Шабан Шаулиќ во алејата на заслужни граѓани во Белград.

Ова за српските медиуми го потврди и менаџерката на починатиот пејач, Андријана Томаниќ.

„Течеше некоја вода, па мора да ја реновираат гробницата. Сега е близу до Мрка и Шабан. Ние и сакавме да биде на тоа место, но тогаш не можеше. Сега ќе биде сам во гробницата“, рекла Андријана.

За потсетување Џеј почина на 6 декември во 2020 година на 57 години. Тој почина во сон, од срце.

Scroll to Top