„Постојано си велиме колку се сакаме“, Тања Савиќ се смири со сопругот

By

Сопругот на Тања Савиќ, Душан Јованчевиќ, се огласи по големиот број натписи во медиумите за тоа дека и ги земал децата на пејачката и дека ги однел во Австралија. Тој ги негира натписите во медиумите во кои се говори дека тој не дозволува таа да си ги види синовите, пишува Курир.рс.

Тања Савиќ потврди дека се смирила со сопругот, поради кој, како што и самата истакна, во изминатиот период минувала низ пекол и дека тој во април годинава и ги однел незјините синови во Австралија, без нејзино знаење и одобрување.

„Се смиривме поради љубовта и нашите деца. И понатаму сме заљубени еден во друг како и секогаш. Љубовта меѓу нас никогаш не престана. Немам објаснување за нашето смирување, затоа што не сум упатен за тоа што се зборува за нас дома. Не ги следам тамошните медиуми и не ме интересираат искрено. Со Тања се слушаме секој ден по два пати. Секој наш втор збор е „те сакам“ и „ми недостигаш лудо и бескрајно“. Јас тоа постојано и го говорам, а и таа мене“, изјавил Душан, кој откри дека Тања планира да дојде во Австралија.

„Тања планира да дојде во Австралија кога ситуацијата со ковид ќе се смири малку од малку“, објаснил Душан.

 

 

Ќе ви се допадне