Авторката на многуте хитови, Марина Туцаковиќ, во јануари дозна дека боледува од рак на градата, по што беше оперирана во Клиниката во Белград, а лекувањето го продолжи во Германија.
Изминатиов период, таа не се појавуваше често во јавноста. Но, деновиве, Туцаковиќ сподели фотографија и напиша дека се чуствува добро. Таа е на одмор со пријателте во Хрватска. „Повторно сум онаа старата. Засега , добро сум“, рекла Туцаковиќ.