Пејачката Милица Тодоровиќ неодамна откри дека е бремена, а се чини дека сега е подготвена да стапне на лудиот камен со избраник кој е непознат за јавноста, објави „Ало.рс“
Пејачката веднаш одлучи да ги откаже сите настапи штом дозна дека е бремена, сакајќи целосно да се посвети на себеси и на бебето.
Како што откри нејзина колешка за локалните медиуми, пејачката наводно тајно планира да се омажи за својот избраник во септември во кругот на нејзините најблиски пријатели, додека свадбата и големата прослава ќе се одржат следната година.
„Да знаевте каква тетка е, можам да замислам каков родител ќе биде за своето дете. Многу сум среќна, но не знам кој е таткото, всушност знам, но не можам да ви кажам бидејќи не би било фер, но колку што разбрав, свадбата треба да биде во септември. Ќе се венчаат само со најблиските луѓе, значи кумови и семејство, а јас дури и не прашав за прославата. Иако, каква е Милица, тоа може да се промени во еден миг“, вели една колешка на Милица.
Милица Тодоровиќ го запознала својот нов партнер откако ја раскинала свршувачката со Марио Б., кој беше уапсен во нејзиниот стан во Белград на 13 февруари и сега ќе биде екстрадиран во Хрватска.