Поради продолжението на српскиот филм „Јужен ветер“, чие снимање започна, познатите холивудски актери Ерик Роберт и Вилијам Болдвин ќе поминат една недела во Србија.
Тие веќе пристигнаа во Белград за да ја снимаат втората сезона од серијата „Јужен ветер“. Проектот се вика „На граница“ и публиката во десет нови епизоди ќе ги следи авантурите на Петар Мараш во светот на бизнисот и криминалот.
Робертс и Болдвин ќе поминат една недела во Србија, а во продолжение на популарната франшиза на Милош Аврамовиќ ќе играат американски агенти.
„Добредојдовте господине Болдвин и господине Робертс“, напиша накратко Аврамовиќ покрај сликата.
View this post on Instagram