Пред 45 години во сообраќајка загина Силвана Арменулиќ, и по речиси пола век нема добра пијанка без нејзина песна

By

На вчерашен ден се навршуваат 45 години од стравичната несреќи во која загина една од најголемите пејачки што некогаш ги имаше поранешна Југославија. Позната по своите хитови, кои се слушаат и денес. И скоро по половина век, нема добра пијанка без нејзина песна.

Силвана Арменулиќ го загуби животот. Во далечната 1976 година, во страотната сообраќајка на патот Белград – Ниш, на враќање од концерт, загина и нејзината сестра Мирјана Барјактаревиќ која била бремена, како и виолинистот Раде Јашаревиќ, додека нејзината друга сестра Дина Бајрактаревиќ Николиќ за влакно ја избегнала смртта.

Приказната за Силвана, 45 години подоцна, е повторно актуелна преку филмот посветен на пејачот Тома Здравковиќ, во која се збрува  дека двајцата биле во љубовна врска и дека Тома бил вљубен во неа.

На социјалните мрежи по повод нејзината смрт се појави стара фотографија од стравичната несреќа на која се гледа дека автомобилот во кој се возела пејачката и нејзините сестри и колега е целосно смачкан. Силвана имаше 37 години кога згасна нејзиниот живот. Автомобилот удрил во камион.

Според реконструкцијата на несреќата, на прав пат “фордот“ се движел со брзина од околу 150 км/час и наеднаш почнал да преминува во левата, спротивна лента од коловозот и се судрил со камион. При несреќата десната страна од фордот е целосна смачкана.

 

Во приватниот живот Силвана била мажена за познатиот југословенски тенисер Радмило Арменулиќ, со кого имала ќерка Гордана, која сега има 57 години.

„Се враќаше од Александровац и во еден момент ја заболела главата. Пеела таму во една кафеана и удрила со глава во некој шилец, па со Миодраг Јашаревиќ се сменила во Колари и тој возел. Дали паднал во дијабетна кома или заспал, што точно се случило не се знае уште. Тој инаку не возеше брзо, но во таква состојба стиснал на гасот и директно удриле во камион. На местото загинаа тој, Силвана, нејзината сестра Мирјана која беше бремена, раскажа Арменулиќ во една прилика.

Ќе ви се допадне