Прочуениот двоец кој ја составуваше една од најпопуларните денс групи во деведесетите години, беше Анабела и Гаги Џогани, но, по нивниот развод, на местото на Анабела во групата „Фанки Џ“, дојде нова пејачка.
Марина Узелац се појави во групата во 2009 година, и го завзема местото на Анабела, а публиката многу брзо ја прифати.

Беше со атрактивен изглед, па сите мажи брзо го преболеа заминувањето на Анабела, а најмногу остана запаметена по песната „Пали анџеле“, која преку ноќ стана голем хит.
По заминувањето од групата Марина продолжи со пеење, прво со Саша Ковачевиќ, а денеска воглавно настапува со Давор Јовановиќ.

Остварена е како мајка, бидејќи има тригодишен син.
