Фолк пејачката Дара Бубамара ги здружи силите со колешката Јелена Карлеуша, а нивното заедничко селфи ги воодушеви сите нивни фанови на Инстаграм.
Популарните пејачки одлучиле да направат едно селфи, а судејќи според лајковите и коментарите се испостави дека и тоа како го погодиле.
Дара ја поставила сликата на Инстаграм, па заедно за само еден час добиле околу 13.000 лајкови.
Колку и двете се согласуваат говори и фактот дека Јелена ќе се појави како специјален гостин на концертот на Дара, кој ќе се одржи на 21 април.