Предновогодишен концерт на Ацо Пејовиќ во Скопје

Српскиот фолк-пејач Ацо Пејовиќ ќе одржи предновогодишен концерт во Скопје. Ќе го одржи на 24 декември во „А1 Арената Борис Трајковски“. Пејовиќ со години е на балканската музичка сцена. Годинава ги испеа песните за филмот „Тома“, меѓу кои и „Полноќ е“, која за кратко време стана хит.

Пејовиќ имаше еден концерт годинава во април. Тогаш во разговор за „Репортер“  ни откри дека кога е тука, ужива во добрата македонска храна и во добрата музика, па не пропушти да седне во скопска кафеана.

„Бев на улицата Боемска во една кафеана. Тројца свирачи ми свиреа, јас пеев со нив. Кога сум тука, сакам да уживам во вашата музика и во добрата храна. Па, така и без тавче-гравче не си одам“, ни раскажа Пејовиќ.

За потсетување, влезниците за концертот на Ацо Пејовиќ ќе бидат пуштени во продажба од утре 08.09.2022 и истите можете да се најдат преку продажната мрежа на kupikarta.com, „Југотон“ и „Розе Веро 2“.

Scroll to Top