Претпремиера на втората сезона од серијата „Тајкун“ на фестивал во Белград

На овогодинашниот 51.„Фест“ ќе има предпремиера на првата епизода од втората сезона на српската серија „Тајкун“. Телевизиската серија е трилер, која беше промовирана во 2020 година.

Серијата е во режија на Иван Стефановиќ и Јелена Гавриловиќ, Ѓорѓе Милосављевиќ овојпат како сценарист се потпишува на десет продолженија, додека улогите ги толкуваат Драган Бјелогрлиќ, Теодора Драгиќевиќ, Нада Шаргин, Марко Грабеж, Дејан Аќимовиќ, Јелена Ѓокиќ, Мухамед Хаџовиќ, Бранислав Трифуновиќ, Ана Стефановиќ Билиќ, Мирко Влаховиќ, Милош Ваниќ.

Втората сезона е сосема поинаква од првата бидејќи следи повеќе линии на приказната. Владан Симоновиќ повеќе не е доминантен. Фокусот во продолжението ќе биде ќерката на Владан Симоновиќ, која ја игра Теодора Драгичевиќ.

 

 

 

Scroll to Top