Премиерката го нападна Сергеј Трифуновиќ, му одговори на навредите

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ го напдана српскиот актер Сергеј Трифуновиќ, велејќи дека тоа што тој го прави не може да се нарече комуникација. Брнабиќ вели дека Сергеј со својот говор само ги навредувал жените.
„Јас лично бев ѝ сеуште сум, на дневна база, мета на напади и секојдневни навреди“, вели Брнабиќ ѝ навела дека ваквото однесување на Сергеј не претставува ни граѓанска, ни слободна, ни пристојна Србија.
Брнабиќ вели дека претставниците на власта ќе продолжат да укажуваат на тоа дека таквиот начин на комуницирање никогаш не е во ред кон никого, без разлика на тоа дали тој некој се викал Ана Брнабиќ или Игор Мировиќ или Сергеј Трифуновиќ.
Ние ќе промовираме комуникација, а не навреди“, изјавила Брнабиќ, одговарајќи на прашањата на новинарите.
Повлекувањето на паралела меѓу претседателот на Србија кој е избран преку слободната волја на граѓаните, со Адолф Хитлер, човекот кој е персонификација на најголемото зло на човештвото, Брнабиќ вели дека е просто неверојатна.
„Сергеј Трифуновиќ уште еднаш проба да биде духовит, но за жал, свесно или несвесно, тој навреди илјадници луѓе во Србија, илјадници семејства во Србија, милиони граѓани ширум светот кои биле жртви на нацистичкиот режим на Адолф Хитлер“, вели Брнабиќ.
„И денес во Нови Сад се обележува рација. Тој ги навреди сите луѓе со правењето на таква паралела. Треба да се биде особено внимателен кога се говори за историски паралели. Се надевам дека ќе го промениме дискурсто на јавната комуникација. Ние секако секојдневно даваме пораки кои одат во целосно друга насока“, вели Брнабиќ.
Scroll to Top