Преслава од „Преспав“ запеа сред интервју: Во кафеана нарачувам само македонски песни

Актерката Јана Маринова, која публиката ја запозна како Преслава, новата газдарица на пансионот „Преспав“, за себе вели дека е жив вулкан. Зависна од адреналин, кој ја тера да снима опасни сцени, и сосема поинаква, како што вели, од Преслава, „која е надмена и која дошла во Преспа да ги учи што е селски туризам“.

Бугарската актерка Маринова во Скопје и Битола го промовира новиот филм „Диви и среќни“, акциона комедија, каде што ја игра главната улога и е еден од продуцентите. Филмот во Бугарија ги собори рекордите на гледаност. „Не знам како ќе ѝ се допадне на македонската публика. Бугарите го сакаат филмот за двете жени кои бегаат од законот. Филмот навистина е одличен, има многу хумор“, искрена е актерката.

Откако ни ја запеа во студиото омилената македонска песна, која, како што вели, „во македонските крчми само таа ја барам со црвено вино“, низ разговорот многу дознавме за неа. Како е навистина да си каскадерка и што се случува кога виси на обрачот без заштита, како економистката станала глумица, тешко ли е да се игра стриптизета… Но, и за сопругот, кој му е дублер на Силвестер Сталоне, и за животот со него, за 18-годишниот син од првиот брак, за љубовта, за опасните сцени, за тоа како е да се биде мис на Бугарија, за македонскиот јазик и шегите на сетот на „Преспав“… Гледајте го интервјуто!

Александра Георгиев

Scroll to Top