„Престани жено да ми набиваш комплекси“ – Цеца и Лидија за прв пат заедно во емисија

Најголемата балканска ѕвезда Цеца Ражнатовиќ при едно гостување во емисија, и приреди воодушевувачки комплименти на актерката Лидија Вукичевиќ, при што успеа да ги изненади сите присутни во студиото како и пошироката јавност, која ја следеше емисијата.

„Јас нејзе прв пат ја гледам во живо. Ние досега се немавме запознаено. Прв пат се видовме во гардеробата. Таа ми се претстави, „Здраво јас сум Лдија“, а јас и одговорив „Престани жено да ми набиваш комплекси“.  Лидија изгледа прекрасно на телевизија, а во живо морам да кажам уште подобро. Фантастичен тен, кожа, насмевка и очи“, изјави Цеца, по што следеа низа комплименти и во обратна насока.

 

„Морам да ви кажам дека направив нешто за себе, ги засакав своите маани, а тоа е многу важно за да се сакате себе си“, изјави Лидија.

Scroll to Top