Претепана српската пејачка Слаѓана Милошевиќ

Српската пејачка Слаѓан Милошевиќ ноќеска била претепана од нејзиниот партнер И.С.(45), по што тој е уапсен. Како што пишува „Курир.рс“, пејачката го пријавила нејзиниот партнер за семејно насилство, откако тој почнал да ја удира и влече.

„Прво двајцата се расправале, а додека таа била во купатилото тој грубо ја избуткал, по што Слаѓана паднала на шолјата и на машината за алишта. Цело време додека се влечеле пејачката го држела неговиот телефон и не му го давала, но со удирање тој ѝ го грабнал и ја избуткал преку кадата, но не паднала во неа“, рекол извор за „Курир“.

На пејачката ѝ била пружена лекарска помош во Ургентниот центар во Белград, а И.С. е приведен.

Scroll to Top