Пејачката Наташа Беквалац добила закани од другар на нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ додека била во Центарот за социјална работа.
Пејачката ја однела ќерката Катја за да се види со нејзиниот татко. Лазукиќ, според наредбата на судот, имал право да биде со бебето секоја среда во рок од 30 минути.
Додека Лука бил со ќерката, Нашата чекала во автомобил, во близина на Центарот за социјална работа. Во тој момент ѝ се доближил другар на Лука и вербално ѝ се заканил. Сведок на настанот била пријателка на пејачката, која била со неа во автомобилот.
Беквалац и нејзиниот адвокат го пријавиле случајот во полициска станица. Станува збор за лице државјанин од Босна и Херцеговина со иницијали З.И. Полицијата веднаш реагирала на пријавата и во согласност со законот, бил извршен разговор со лицето. З.И. добило полициско предупредување. За случајот е известено и надлежното обвинителство.