Александра Пријовиќ три месеци, како што пишува српскиот медиум „Стар“, додека била во врска со Филип Живоиновиќ тајно се гледала со оженет тенисер. Во медиумите се пишуваат неколку имиња, од Новак Ѓоковиќ до Виктор Троицки, Јанко Типсаревиќ, Илија Бозољац или Ненад Зимоњиќ.
Поради оваа афера, за која Филип неодамна дознал, популарната двојка може да ја откаже свадбата закажана за 21 јуни во Белград.
„Веќе извесно време се зборува во естрадните кругови дека Александра се гледала со женет тенисер. Последен пат имале тајна средба пред три месеци, кога и тој бил во Србија. Филип добил анонимна порака: ‘Дали знаеш каде ти е свршеницата и со кого? Можеби би требало да ја повикаш на видеоповик! Ќе ти кажам дека е во хотел оддалечен два часа од Белград’“, пренесува магазинот.
Овие приказни дошле до Лепа Брена и Боба, а тие им порачале дека таков срам не им е потребен. Брена наводно ги советувала да не прават скандали пред свадбата и му рекле на Филип да провери дали некој од неговото опкружување ги пласира овие информации.
Филип ѝ ја покажал пораката на Александра и барал да му објасни зошто цел град зборува за најзината афера со тенисер кој и двајцата го познаваат.