Пријовиќ повредена на одморот, Филип ја однел во болница

By

Српските медиуми пишуваат дека пејачката Александра Пријовиќ доживеала помала повреда додека со сопругот Филип Живојиновиќ летувале во Црна Гора. Таа се лизнала додека била на јахта и се исекла на држачот од скалите, а поради длабоката рана, Филип ја однел во болница.

„Александра и Филип изнајмија јахта за да може да крстарат додека се во Црна Гора. Таа тргнала внатре да земе крема за сончање, но во еден момент се лизнала и се исекла на остар лимен дел. Ги повредила десната нога и десното стапало. Филип со својата маица ѝ ја врзал ногата, оти пресекла крвен сад, и веднаш ја одвел во болница“, изјавил пријател близок до двојката за српски „Ало“.

Александра била пренесена во приватна болница во Будва, каде што ѝ ја сошиле раната на ногата. Раната на стапалото, пак, не била длабока, па лекарите само ја преврзале, додал истиот извор.

Ќе ви се допадне

ANIMEFLIX watch animes: Watch Black Clover Episode 56 (https://animeflix.nl/m/97ny/ep-56)

GoGoAnime a silent voice gogoanime: Watch SK8 the Infinity Episode 5 (https://gogoanime.be/m/GpRr/ep-5)