Пријовиќ прозборе за предбрачниот договор со Филип

Српската пејачка Александра Пријовиќ на 21 јуни ќе се омажи со синот на Брена и Боба, Филип Живојиновиќ. Деновиве многу се зборува за свадбата на младата двојка, a Брена откри дека ќе дојдат гости од целиот свет. Александра ќе се преоблече во два фустани.

На прашањето дали ќе потпишат предбрачен договор, Александра одговори:

„Сè уште немаме разговарано на таа тема. Мене ми е сеедно, таа одлука ќе ја препуштам на Филип. Ако тој сака, и јас би сакала да потпишеме предбрачен договор“, изјави Александра за „Ало“.

Scroll to Top