Пријовиќ трудна ќе да пее по клубовите

Александра Пријовиќ по раскошната свадба со Филип Живоиновиќ, повторно ги израдува своите блиски, со веста дека ебремена.

И додека честитките стигнуваа од сите страни, пејачката и понатаму продолжува со со настапите.  Александра се чувствува одлично. Бременоста поминува во најдобар ред. Пејачката и понатаму ќе настапува, но објави дека има и поинакви деловни обврски.

„Александра и Филип сакаат да станат родители, но не се оптеретени со тоа во кој момент од нивниот брак би можело тоа да се случи. Како што тоа обично се случува, пејачката останала бремена кога тие најмалку се  надевале. По посетата на доктор, кој потврдил дека се е во ред, тие заедно решиле дека Пријовиќ и понатаму треба да настапува, се додека чувствува дека бременоста не и паѓа тешко. Оваа нивна одлука ги израдува и газдите на клубовите каде Пријовиќ ги имала закажано настапите“, вели пријател на брачната двојка.

„Исто така Александра решила во текот на бременоста да работи и на подготовката на новите песни за да ја израдува публиката по породувањето. Потоа ќе се посвети на бебето. На неа и годи работата во студиото и креативниот напор кој го вложува при создавањето на новите песни заедно со своите соработници. Смета дека нема причина од тоа да крене раце, само затоа што е трудна.  Одлуката Александра и понатаму да настапува и да се занимава со музика ја поддржа и нејзиниот гинеколог, уверувајќи дека бременоста добро минува и дека со неговит совети и понекогаш некоја корекција во одредени навики, Пријовиќ може регулрано да продолжи да го води животот кој го водела и пред да дознае дека е бремена“, вели изворот.

И семејствата на Живојиновиќ и Пријовиќ ја поддржуваат во оваа одлука.

Scroll to Top