Пријовиќ и Живоиновиќ добија подарок нова куќа

Лепа Брена и Бобо Живоиновиќ им купиле свадбен подарок куќа на Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ, пренесе српски „Курир“.

„Александра и Филип се млади и успешни во своите професии. Бобо и Брена долго размислувале како да ги израдуваат и што да им подарат. Бидејќи две години живеат во станот на Александра, тие сакаа да ги израдуваат со нова куќа“, вели извор близок на семејството Живоиновиќ.

Вели дека веќе разгледувале неколку куќи и дека најмногу им се допаднала една на Бежанија.

„Куќата е по нивен вкус. Во прашање е нова градба, модерна и добро средена куќа, која се наоѓа во нивното сосетство, па ќе бидат блиску. Направена е по светски стандарди и не е воопшто евтина, но тоа за нив не претставува проблем бидејќи ја купуваат со љубов и сакаат да им биде удобна и убава“, рекол соговорникот.

Scroll to Top