Пронајдена нова ДНК – Биолошката трага на телото на Јелена ѝ припаѓа на една личност

Пејачката Јелена Марјановиќ на насипот Борч била убиена од тројца мажи. До овој заклучок дошле инспекторите и форензичарите ангажирани во истрагата бидејќи на нејзиното тело се пронајдени три машки ДНК траги. Како што пишува српскиот портал „Информер“, ова е тајната која обвинителството и полицијата ја кријат повеќе од една година.

Како што се открива, една од ДНК трагите му припаѓа на уапсениот Зоран Марјановиќ, другите две се од лица чиј идентитет не е утврден.

Изворот  открива дека трагите од ДНК анализита од телото на Јелена, долната облека и од нејзината глава покажуваат идентитет на три нови лица.

ДНК трагите од Зоран се пронајдени на нејзината долна облека, мобилниот телефон и главата, а врз основа на тие траги тој беше уапсен.

Идентитетот на другите двајца мажи се чува во строга тајност.

Иако Зоран е единствениот уапсен, сѐ наведува на тоа дека убиството не можел да го направи сам.

Scroll to Top