Прв онлајн концерт на Бајага и „Инструктори“

By

Момчило Бајагиќ Бајага заедно со своите инструктори денеска ќе го одржи својот прв онлајн концерт денеска ексклузивно на youboxu.

Покрај вонвременските хитови како „Кад ходаш“, „Јања“, „Сафир“, „Тишина“, легендарната рок група ќе ги изведе и песните од најновиот албум „Светот се менува“.

Иако не е лесно да се работи без публика, Бајага вели дека тој и неговиот бенд направиле избор на хитови кои ги одбележале сите периоди во нивната кариера.

„Сепак планираме да подготвиме и неколку изненадувања за публиката“, вели Бајага.

Целиот концерт ќе биде југоносталгичен, па така локацијата била одбрана по инспирација на „Син воз“, а за датумот симболично е избран 29. ноември, некогашниот Ден на Републиката.

Концерот ќе биде на необична и интересна локација, вистинско уживање во тешко време, порачале членовите на групата. Фронтменот ги искористил сите предности на социјалните мрежи и ги повика сите фанови во недела да поминат убава вечер со „Инструктори“ и добра забава.

 

 

Ќе ви се допадне