Српските медиуми денеска ја следат во живо венчавката на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ, па ги објавија и првите слики од венчаницата на невестата. За венчавката во црква Александра избра широк фустан со голи рамена и длабоко деколте. Таа носи и вел на главата. Филип, пак, е облечен во класичен црн костум со црна вратоврска.
Филип и Александра до црквата „Св. Василиј Острошки“ заминаа возејќи се во кочија, оти, според медиумите, црквата се наоѓа во близина на домот на Брена и Боба, каде што се организираше приемот на гостите пред почетокот на свадбата.
По црковната венчавка, на која ќе присуствуваат само најблиските роднини и пријатели, ќе се одржи голема веселба во еден од најпознатите ресторани во Белград. Според пишувањата на медиумите, невестата во текот на сваднбата ќе смени неколку фустани, за кои, велат, потрошила околу 30 илјади евра.