Режисерот Пуриша Ѓорѓевиќ бил првиот човек кој ја освоил срцето на филмската дива Милена Дравиќ која утрово почина на 79 годишна возраст во Белград.
Вели дека со воодушевување се сеќава на времето минато со филмската дива.
„Најважно во животот е да не се плашиш. Јас никогаш не сум се плашел. Ми беше блиско тоа што го говореше Ниче – не е суштината во тоа дека сме биле живи, туку како сме живееле. Гледам луѓе насмеани и среќни, понекогаш ќе сретнам и богати. Но, и едните и другите секогаш имаат страв кој не можат да го сватат. Првите се плашат од несреќните затоа што мислат дека несреќата е заразна, а богатите по истиот принцип се плашат од сиромашните. Човек не смее да се плаши дека ќе остане без леб, ни кога има милиони, ни кога ќе остане без љубов, ни кога има љубов. Љубовта е многу важна, особено кога таа љубов ќе не остави. По разводот се гледав со љубовта која ме остави во 1980 година. Дали верувате дека од тогаш не се опаметив. Но, од сите жени кои ги познавав и кои ги сакав, сеуште и најмногу ја сакам Милена Дравиќ“, изјавил Пуриша Ѓорѓевиќ.
„Најголема љубов ми беше Милена Дравиќ. Таа љубов во 1960 година премина во брак. Во тоа време беше голема ѕвезда. Заедно одевме од филм во филм. Но кога приметив дека и сметам и дека по многу работи не сум човек за неа, пријателски се разведовме“, дополнил Пуриша Ѓорѓевиќ